„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на законот за оперативно-техничка агенција, по скратена постапка

09.05.2023

Согласно со Законот за Оперативно – техничка агенција („Службен весник на Република Македонија“ број 71/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/19), Оперативно техничката агенција (OTA) е основанa како самостоен и независен државен орган чија надлежност е да обезбедува техничка поврзаност помеѓу операторите и oвластените органи. Оперативно техничката агенција, како посредник кој воспоставува технички премин помеѓу операторот и овластените органи, своето дејствување го има заради спроведување на следењето на комуникациите врз основа на судска наредба во согласност со Законот за следење на комуникациите и без технички можности за активирање и снимањето на следените комуникации, ниту пристап до содржината на следената комуникација.
Целта на предлог законот е овозможување на континуитет во функционирањето на Опретивн о- техничката агенција формирана согласно законот, преку која треба да се овозможи реализацијата на препораките на Групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите (2015) .