Предложеното законско решение се темели на начелото на заштита на странките, учесниците во постапката и нивните семејства и истите се одраз на потребите од решавањето на постојните проблеми со кои се соочуваат граѓаните во постапките на извршување.
Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за извршување содржи 2 члена. Членот 1 го допрецизира членот 18 во делот на тоа кога престанува да тече наплата на камата и законска казнена камата на должникот. Со предложената одредба се уредува дека кога во извршната исправа е определена наплата на камата од должникот, таа се пресметува и наплатува до денот на исплатата на средствата на посебната сметка на извршителот, односно до моментот кога неисплатената казнена камата ќе го достигне износот од главниот долг. Членот 2 го уредува влегувањето во сила на законот.