„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
28.10.2026
Предлагачи се група пратеници.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Основна цел на овој закон е обезбедување на правна сигурност и еднаков третман на лицата ангажирани во институциите, преку нивна трансформација во редовен работен однос на неопределено време. Законот се темели на начелата на законитост, транспарентност, социјална сигурност и еднаков третман на лицата ангажирани со договор во државната и јавната администрација. Основните решенија што ги предвидува овој Предлог на закон се:- утврдување на услови под кои може да се изврши трансформација на договорниот ангажман во работен однос на неопределено време,- обврска на институциите да ги усогласат актите за систематизација, - активно вклучување на Министерството за финансии во процесот, преку издавање согласност за обезбедени финансиски средства, со што се гарантира фискална дисциплина, одржливост на буџетот и контролирано спроведување на трансформацијата, - постепено, фазно вработување на опфатените лица (до 50% во првата фаза и целосна реализација на преостанатиот број до 31.12.2027), со цел да се обезбеди континуитет во работењето на институциите, - заштита на ангажираните лица од раскинување на договорот до завршување на трансформацијата,- ограничување на идни договори по извршената трансформација, како и исклучоци од овие решенија