„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање, по скратена постапка

09.05.2023

Целта на измената и дополнувањето на законот е да се овозможи забрзана реализација на градби од стратешки интерес за изградба на државни патишта, железнички пруги, магистрални гасоводи, како и други градби од јавен интерес кои се реализират како стратешки инвестициони проекти или проекти од стартешко национално значење утврдени со закон преку поедноставување на одредени чекори од процесот и да се овозможи повисок степен на флексибилност во однос на содржината на урбанистичките проекти.
Потребата од доизградба и модернизација на патната мрежа низ државата е суштинска потреба заради брз економски развој, како и интеграција на транспортниот сектор со ЕУ.
Транспортните политики на државата се засноваат на интеграција со регионот, како и поврзување на регионот со земјите членки на Европската Унија. Ова е стратешка определба усвоена и во Националата транспортна стратегија 2018-2030.