Со предложените законски решенија се врши усогласување на Законот за експропријација со Законот за утврдување на Јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (Делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (Делница на автопатот Прилеп– Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 163/21), со Законот за изменување и дополнување на Законот за градење и Законот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање. Транспортните политики на државата се засноваат на интеграција со регионот, како и поврзување на регионот со земјите членки на Европската Унија. Ова е стратешка определба усвоена и во Националната транспортна стратегија 2018- 2030.
Текст на: