„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (*)

08.05.2023

Цел на предложеното дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/06, 89/08, 171/10, 53/11, 69/13, 187/13, 43/14, 129/15, 39/16, 71/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/21) е да се воспостави правна рамка за правни и физички лица од државите членки на Европскиот економски простор, регистрирани во нивните матични држави за производство, подготовка за трговија, увоз-извоз и трговија на семенски и саден материјал од земјоделски растенија да можат слободно, без дополнителна регистрација во националните регистри на територијата на Република Северна Македонија да ги вршат истите деловни активности по нејзиното пристапувањето во Европската Унија.