„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Одлука на Уставен суд на РСМ за укинување на член 56, став 1, од Законот за трговија

05.05.2023

Уставниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на членовите 110 и 112 од Уставот на Република Северна Македонија и член 70 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/2019, 256/2020 и 65/2021), на седницата одржана на 20 април 2023 година, донесе
О Д Л У К А
1. СЕ УКИНУВА член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 99/2009, 105/2009, 115/2010, 158/2010, 36/2011, 53/2011, 148/2013, 164/2013, 97/2015, 129/2015, 53/2016 и 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77/2021, 215/2021, 295/2021 и 150/2022).
2. Оваа одлука ќе се објави во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
3. Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод иницијативата поднесена од Игорчо Точев од Скопје, со Решението У. бр. 114/2022 од 1 март 2023 година, поведе постапка за оценување на уставноста на одредбата од Законот означен во точката 1 од оваа одлука.
4. Судот, на седницата утврди дека според оспорениот член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 99/2009, 105/2009, 115/2010, 158/2010, 36/2011, 53/2011, 148/2013, 164/2013, 97/2015, 129/2015, 53/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77/2021, 215/2021, 295/2021 и 150/2022), глоба во износ од 100 до 300 евра во денарска противвредност за микро трговец, глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност за мал трговец, глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност за среден трговец и глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за голем трговец, ќе му се изрече за прекршок на правното лице ако не утврди и не истакне пазарен ред и не се придржува на пазарниот ред и работното време (член 14 став 3).
5. Согласно член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на државата.
Во Република Северна Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите, според член 51 од Уставот.
Член 48 став 8 од Законот за трговија на зелени пазари („Службен весник на Република Македонија“ бр. 11/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 27/2019), предвидува дека „Со денот на влегувањето во сила на овој закон престануваат да важат одредбите од членот 13 ставови (2), (3) и (4) и одредбите од членот 14 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија" број 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 99/2009, 105/2009, 158/2010, 36/2011, 53/2011, 148/2013, 164/2013, 104/2015, 129/2015 и 53/2016)“.
 
Во член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 16/2004, 128/2006, 63/2007, 88/2008, 159/2008, 20/2009, 99/2009, 105/2009, 115/2010, 158/2010, 36/2011, 53/2011, 148/2013, 164/2013, 97/2015, 129/2015, 53/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 77/2021, 215/2021, 295/2021 и 150/2022), е утврдено дека глоба во износ од 100 до 300 евра во денарска противвредност за микро трговец, глоба во износ од 400 до 500 евра во денарска противвредност за мал трговец, глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска противвредност за среден трговец и глоба во износ од 800 до 1.000 евра во денарска противвредност за голем трговец, ќе му се изрече за прекршок на правното лице ако не утврди и не истакне пазарен ред и не се придржува на пазарниот ред и работното време (член 14 став 3).
Имајќи ја предвид содржината на законското нормирање во член 48 став 8 од Законот за трговија на зелени пазари, произлегува дека оспорената одредба од член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија упатува на примена на одредба која повеќе не е дел од правниот поредок, односно член 14 став 3 од овој закон. Всушност, со оспорената законска одредба се предвидува прекршочна одговорност за правното лице, доколку не утврди и не истакне пазарен ред и не се придржува на пазарниот ред и работното време, односно, доколку не постапи на начин определен во член 14 став 3 од Законот за трговија, одредба која престанала да важи со влегувањето во сила на Законот за трговија на зелени пазари.
Владеењето на правото како темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија утврдена во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот ја гарантира правната сигурност на граѓаните која од аспект на нормите со кои се регулираат правните односи на субјектите на правото се обезбедува преку јасност, недвосмисленост и прецизност на истите. Тоа значи, во случај кога тие во себе содржат некакво повикување, упатување на друга норма, таа неминовно мора да е дел од правниот поредок за таквото уредување да претставува една логична, правно-функционална целина.
При состојба кога со оспорената законска одредба се утврдува прекршочна одговорност за постапување спротивно на член 14 став 3 од Законот за трговија, која одредба веќе не е во правниот поредок, Судот оцени дека оспорената одредба од член 56 став 1 точка 3 од Законот за трговија не е во согласност со принципот на владеењето на правото утврден во член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.
6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од оваа одлука.
 7. Оваа одлука Судот ја донесе во состав од претседателот на Судот, Добрила Кацарска и судиите: Насер Ајдари, м-р Татјана Васиќ-Бозаџиева, Елизабета Дуковска, д-р Осман Кадриу, д-р Дарко Костадиновски и м-р Фатмир Скендер.
 
У. бр. 114/2022                                                                        Претседател
20 април 2023 година                            на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Скопје                                                                             Добрила Кацарска, с.р.