„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
23.09.2026
Предлагачи се група пратеници.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Предложените законски решенија имаат за цел да обезбедат појасна, единствена, ефикасна и правно сигурна примена на прописите, уредувајќи го статусот на службениците во Службата на Собранието и регулаторните тела на исто ниво со другите посебни државни службеници. Со предложениот закон исто така се укинува можноста за унапредување на административните службеници без објавување интерен оглас, со што се обезбедува еднаков пристап и примена на мерит системот. Дополнително, се врши јасно разграничување на овластувањата за застапување на Агенцијата во управните и судските постапки, се прецизира запирањето и роковите за доставување акти, а постапката се поедноставува преку отстранување на преклопувањата, единствено со подзаконско уредување и транспарентно објавување на конечните резултати. Со овој Предлог закон се воведува јасна правна последица со која на административниот службеник кој две години последователно ќе биде оценет со оценка „1 – не задоволува“ му престанува работниот однос по сила на закон. Се овозможува поекономично спроведување на постапките без неоправдано одолговлекување (со задржување на правото на жалба) и целосно се уредуваат дисциплинската и материјалната одговорност. Предлог-законот овозможува усогласено уредување на правото на плата и преку други посебни закони за одредени категории службеници, додека примената на членот 80 се одложува до 1 јануари 2028 година. Со предложените изменувања и дополнувања на Законот се врши усогласување со Законот за високи раководители и Законот за Собранието на Република Македонија.