„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за вработените во јавниот сектор, по скратена постапка

23.09.2026

 II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целта на Предлогот на закон е да се обезбеди унапредување и усогласување на нормативната рамка со која се уредуваат правата и обврските на вработените во јавниот сектор, управувањето со податоците и постапките за вработување во јавниот сектор. Основните решенија се насочени кон: усогласување на одредбите за работа со неполно работно време поради намалена работна способност со прописите со кои се уредуваат проценката на попреченост и проценката на работното функционирање и способност; усогласување на одредбите за размена на податоци во Регистарот на вработените во јавниот сектор со актуелната институционална поставеност во областа на задолжителното социјално осигурување; обезбедување професионален и непристрасен состав на Комисијата за вработување, преку ограничување на можноста за членување на лица со политички или јавен функционерски статус и зајакнување на принципот на избор според заслуги преку обврска за избор на најдобро рангираниот кандидат согласно со конечната ранг-листа