„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

О Д Л У К А ЗА ВИСИНАТА НА СТАПКАТА НА ПРОТИВЦИКЛИЧНИОТ ЗАШТИТЕН СЛОЈ НА КАПИТАЛОТ ЗА ИЗЛОЖЕНОСТИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЗА ИЗЛОЖЕНОСТИ КОН ДРУГИ ЗЕМЈИ ВО ВТОРОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД 2024 ГОДИНА

18.04.2023

Врз основа на член 47 став 1 точка 6 од Законот за Народната банка на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 158/10, 123/12, 43/14, 153/15, 6/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/21), членови 65-г став 3 и 65-д став 1 од 67/10, 26/13, 15/15, 153/15, 190/16, 7/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19 и Законот за банките („Службен весник на Република Македонија“ бр. 67/07, 90/09, 122/21), член 16 став 1 точка 6 и член 17 став 1 точка 1 од Законот за финансиска стабилност („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 173/22), и точки 11 и 14 од Одлуката за методологијата за утврдување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капита[1]лот за изложености во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/17 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 98/21 и 149/21), Советот на Народната банка на Република Северна Македонија донесе
О Д Л У К А
ЗА ВИСИНАТА НА СТАПКАТА НА ПРОТИВЦИКЛИЧНИОТ ЗАШТИТЕН СЛОЈ НА КАПИТАЛОТ ЗА ИЗЛОЖЕНОСТИ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И ЗА ИЗЛОЖЕНОСТИ КОН ДРУГИ ЗЕМЈИ ВО ВТОРОТО ТРИМЕСЕЧЈЕ ОД 2024 ГОДИНА
1. Се утврдува стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите во Република Северна Македонија во висина од 0,75%.
2. Се утврдува стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите кон други земји во висина на стапките што се утврдени од страна на надлежните органи на другите земји и коишто се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Северна Македонија.
3. Банките се должни да ја применат оваа одлука и да ги вклучат стапките од точките 1 и 2 од оваа одлука во пресметките за утврдувањето на специфичната стапка на противцикличниот заштитен слој на капиталот за второто тримесечје од 2024 година.
4. Оваа одлука влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
                                                                                                            Гувернер и претседавач на Советот
Бр. 12306/3                                                                                                 на Народната банка на
31 март 2023 година                                                                             Република Северна Македонија,
Скопје                                                                                                   д-р Анита Ангеловска-Бежоска,с.р