„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за дополнување на законот за договорен залог, по скратена постапка

10.06.2026

 Предлагач се група пратеници.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Цел на Предлогот на закон за дополнување на Законот за договорен залог е појаснување и проширување на правниот опфат на предметот на залог, со цел експлицитно препознавање на нематеријалните средства како посебна и самостојна категорија. Со предложеното законско решение: се врши прецизирање на поимот на предмет на залог, преку јасно наведување на нематеријалните средства и се овозможува усогласување на законот со современите економски текови и деловни практики, каде нематеријалните средства имаат се поголемо значење.