„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за работни односи, по скратена постапка

09.04.2023

Во деловите за прекувремена работа и местото и начинот на исплата на платата на работници на проекти од национален и стратешки интерес на Република Северна Македонија се предлагаат измени на Законот за работните односи, со цел непречено извршување на работите од национален и стратешки интерес и нивно завршување во предвидените рокови.
При примената на законските одредби кои се однесуваат на прекувремена работа беше укажана потребата од донесување одредба со која ќе се овозможи прекувремена работа подолго од осум часа во текот на една недела, повеќе од осум часа во просек неделно во период од три месеци и повеќе од 190 часа годишно во случаите кога се работи за работи од национален и стратешки интерес за државата, по претходно дадена писмена согласност на работникот. Дополнително, поради природата на работите и задачите што се вршат во работите од национален интерес на Република Северна Македонија се јави потреба истите да може да се спроведуваат и во недела.