„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на културното наследство, по скратена постапка

09.04.2023

Со измените и дополнувањата на Законот за индустриски и зелени зони се овозможува конзистентност на постапките за основање, управување и работење со индустриските и зелените зони, ефективност при определување на надлежностите на одредени правни субјекти при основањето на зоната, како и симплифицирање на постапките за проширување, скратување и трансформација на зоните. Целите на измените и дополнувањата на Законот за индустриски и зелени зони се во насока на подобрување на економскиот развиток на државата и поедноставен пристап на инвеститорите за стекнување на статус на корисник на зона преку определување на поефективни управни постапки.
Предлог законот за дополнување на Законот за заштита на културно наследство содржи два члена.
Со членот 1 се дополнува членот 65 од Законот за заштита на културното наследство со став 3, согласно кој изведувачот на градежните работи на проекти од државен интерес има обврската да го пријави откритието до надзорниот инженер, наместо до надлежната јавна установа за заштита или до Министерството за внатрешни работи.
Членот 2 уредува дека денот на влегување во сила на овој закон ќе биде осмиот ден од денот на објавување во “Службен весник на Република Северна Македонија”.
Предлог на закон за дополнување на Законот за заштита на културно наследство, по скратена постапка