„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за развој, производство и промет на воени стоки, по скратена постапка

09.03.2026

 Предлагач се група пратеници.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Основна цел на Предлогот на законот е разграничување на прометот со воени стоки, во смисла негово класифицирање како надворешен и внатрешен промет во зависност од преземените дејствија во трговското работење, а со тоа и разграничување на надлежностите помеѓу Министерството за економија и труд и Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, во однос на примената на одредбите со кои се регулира прометот на воени стоки. Со Предлогот на закон се предвидува Министерството за економија и труд да ја задржи надлежноста за издавање согласности и дозволи во внатрешниот промет со воени стоки, додека надлежноста за издавање согласности и дозволи во надворешниот промет со воени стоки, заедно со потврдата за краен корисник и меѓународен сертификат за узвоз, потврдата за крајна употреба, потврдата за извршена испорака и сертификацијата на правните лица за имплементација на програмата за внатрешна усогласеност, се предлага да премине во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Оттука, со Предлог на законот се прави разграничување на надлежностите помеѓу двете Министерства и во однос на донесувањето на соодветните подзаконски акти со кои поблиску треба да бидат регулирани условите, постапките и водењето на базите на податоци (регистри) поврзани со издавањето согласности и дозволи во внатрешниот и во надворешниот промет со воени стоки, прецизирање на обврските на правните лица вклучени во прометот на воени стоки, и како клучно надзорот за спроведување на одредбите од овој закон. Одредбите од законот со кои се регулира надлежноста на Министерството за економија и труд во однос на развојот и производството на воени стоки остануваат непроменети.