„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ЗАКОН ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА СПОГОДБАТА ПОМЕЃУ ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА И СОВЕТОТ НА МИНИСТРИ НА РЕПУБЛИКА АЛБАНИЈА ЗА ЗАЕМНО ПРИЗНАВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЈА ЗА ОВЛАСТЕН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР – БЕЗБЕДНОСТ И СИГУРНОСТ (ОЕОС) (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.151 ОД 4 ЈУЛИ 2022 ГОДИНА)

05.07.2022

 Со законот се ратификува Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за заемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС), склучена во Тирана на 21 декември 2021 година.
Во насока на отстранување на пречките во меѓусебната трговија и постепено воспоставување поблиски трговски односи, договорните страни со Спогодбата се согласуваат истата да се применува за овластени економски оператори за безбедност и сигурност (ОЕОС) што добиле одобрение според програмата ОЕО на државите на договорните страни.
Во државите на секоја Договорна страна ОЕОС користат поволности во врска со царинските контроли во врска со декларациите пред – заминување и проценката и контролата на ризик како што е пропишано со самата Спогодба.