„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ОДЛУКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ПРИЗНАНИЕТО ПОВЕЛБА НА РС МАКЕДОНИЈА НА БРАНКО АЗЕСКИ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.121 ОД 26.5.2022 ГОДИНА)

30.05.2022

 Врз основа на член 84 алинеја 8 од Уставот на Република Северна Македонија, амандманот XXXIII од Уставот на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2019), член 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/2019) и на член 16, член 17 и член 18 став 1 од Законот за одликувања и признанија на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 48/02, 24/12 и 190/16) ја донесувам следната 

О Д Л У К А
I
НА БРАНКО АЗЕСКИ 
се доделува признанието 
ПОВЕЛБА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 
За фундаментален придонес во осовремeнувањето и во развојот на стопанството, како и за високопрофесионалното раководење со Стопанската комора, со што даде непроценлив придонес во застапувањето на интересите на македонската економија, а што е во интерес на целото општество. 
II
Оваа одлука стапува на сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службениот весник на Република Северна Македонија“. 

Бр. 11-593/1                                                         Претседател на Република Северна Македонија,
26 мај 2022 година                                                                   Стево Пендаровски, с.р
Скопје