„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.104 ОД 3.5.2022 ГОДИНА)

04.05.2022

 МИНИСТЕРСТВО ЗА ТРАНСПОРТ И ВРСКИ

Врз основа на член 24 став (4) од Законот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.32/20), министерот за транспорт и врски донесе 
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ
Член 1
Во Правилникот за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.225/20 и 219/21) во членот 51 ставот (1) се менува и гласи: 
„Урбанистички проект е планско-проектна документација што се изработува врз основа на донесен урбанистички план и служи за негова разработка и спроведување, како и за разработка на урбанистичко планските документации одобрени согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18) и Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12, 55/13, 163/13 и 42/14), а кои согласно член 95 став (2) од Законот за урбанистичко планирање се применуваат во постапките за издавање на одобрение за градење во деловите што се во согласност со урбанистичките планови што се во сила за истиот плански опфат, до нивното усогласување со одредбите од овој закон.“. 
Ставот (2) се менува и гласи: 
„По исклучок од ставот (1) на овој член, урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план е планско-проектна документација што се изработува врз основа на Просторниот план на Република Северна Македонија.“. 
Во ставот (3) зборовите „детално се уредува“ се заменуваат со зборовите „се уредува поединечна градежна парцела вон опфат на урбанистички план, како и“. 
Во ставот (5) по зборовите „и поединечни“ се додаваат зборовите „градежни парцели,“. 
По ставот (5) се додаваат три нови става (6),(7) и (8) кои гласат: 
„(6) По исклучок од ставовите (4) и (5) на овој член, во случаите кога предметот на разработка на урбанистичкиот проект содржи елементи од различните урбанистички проекти од став (4) точки 1, 2, 3, 4 и 5 на овој член и урбанистичкиот проект од став (5) на овој член, соодветен начин за одредување на видот на урбанистичкиот проект е применување на различните елементи од различните урбанистички проекти, при што во тој случај урбанистичкиот проект се изработува како еден и како таков се потврдува во една постапка согласно член 62 од Законот за урбанистичко планирање. 
(7) Во случаите кога урбанистичкиот проект од став (6) на овој член содржи и елементи од урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за негова изработка и одобрување се применуваат и одредбите за урбанистички проект од член 58 став (6) од Законот за урбанистичко планирање. 
(8) Урбанистичкиот проект вон опфат на урбанистички план од став (5) на овој член може да се користи како извод од урбанистички план.“. 
Член 2
Во членот 54 во ставот (3) точката на крајот од реченицата се заменува со запирка и се додаваат зборовите „како и за детална регулација, парцелација, пренамена или разработка на градежно земјиште во технолошко индустриски развојни зони, без тоа да е уредено со посебна планска одредба.“. 
Член 3
Во членот 59 ставот (2) се менува и гласи: 
„Урбанистичките проекти од став (1) од овој член се состојат од плански и од проектен дел.“. 
Член 4
Во членот 77 став (1) во точката Е- Инфраструктури потточката Е3.3 се менува и гласи: 
„Специјални инфраструктури за воени и други специјални потреби: воени утврдувања, стражарски пунктови, бункерски пунктови, подземни и надземни складишта за муниција и експлозивни средства, воени стрелишта, стрелишта, воени полигони, полигиони.“. 
По ставот (7) се додава нов став (8) кој гласи: 
„(8) Во изработката на урбанистичките планови и урбанистичките проекти се применуваат групите на класи на намени, класите на намени и поединечни намени, како и нивните ознаки од ставот (1) на овој член, додека класификацијата на видови на градби дадена во Прилогот од овој правилник служи за подетално одредување на соодветниот вид на градба.“. 
Член 5
Во членот 117 ставот (3) се менува и гласи: 
„Оптималните вредности на процентот на изграденост и коефициентот на искористеност на земјиштето од став (2) на овој член се употребуваат како општа препорака при одредувањето на нивните максимални вредности како планска одредба во урбанистички план во подрачја за кои нема податоци за планирање и градење, додека во подрачја за кои има податоци за планирање и градење при одредување на максималните вредности на процентот на изграденост и коефициентот на искористеност на земјиштето се применуваат вредностите на процентот на изграденост и коефициентот на искористеност на земјиштето утврдени во важечките урбанистички планови односно што биле уредени во претходните планови, затоа што се работи за претходно стекнати права со урбанистички план.“.
Член 6
Во Прилогот во точката 8 насловот на табелата и табелата се менуваат и гласат: „КЛАСИФИКАЦИЈА НА ВИДОВИ НА ГРАДБИ И НИВНИ НАМЕНИ:
Прилог табела
Член 7
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“. 
Бр. 01-2723/1                                                                                 Министер за транспорт и врски,
28 април 2022 година                                                                             Благој Бочварски, с.р.
Скопје