„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
26.04.2022
Со Законот за изменување и дополнување на Законот за техничката инспекција(*) се врши усогласување на прекршочните одредби од Законот за прекршоците („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.96/2019), како и усогласување со Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019). Поради брзиот технолошки развој и динамичното секојдневие на граѓаните, се наметна потребата од воспоставување на Национален портал за електронски услуги, Каталог на услуги и Една точка за услуги, како и нивно законско утврдување. Националниот портал за услуги и каталогот на услуги ќе имаат повеќе функционалности. Електронските услуги ќе бидат достапни до највисоко ниво, односно од моментот на поднесување на барање за некоја услуга до самото добивање на актот.
Целта на овој закон е да се овозможи намалување на висината на глобите преку утврдување на точен распон на прекршочните глоби во зависност од тоа дали станува збор за микро, мал, среден или голем трговец. Се менуваат и дополнуваат условите за именување на директор на инспекторатот, условите за инспектор, како и начинот на вршење на инспекциски надзор и мерките коишто може да бидат изречени против субјектите на надзор. Се обезбедува ефикасно и ефективно спроведување на надлежностите на органите и институциите, како и надлежностите, правата и овластувањата на субјектите кои обезбедуваат услуги од јавен интерес, врз основа на утврдени стандарди и процедури, во согласност со одредбите на овој закон и посебните закони, сето во функција на обезбедување на електронски услуги за корисниците на истите.