Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ Основни цели на Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за градење се ефикасното користење на енергијата и топлинската заштита во градските средини каде има можност за приклучување на инсталации за снабдување со топлинска енергија како парно греење, со што ќе се придонесе и кон унапредување на животната средина во градските средини во текот на зимскиот период.