„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
20.10.2025
I.ОЦЕНА НА СОСТОЈБИТЕ ВО ОБЛАСТА ШТО ТРЕБА ДА СЕ УРЕДИ СО ЗАКОНОТ И ПРИЧИНИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ Со Законот за гранична контрола (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр.170/10, 41/14, 148/15, 55/16, 64/18 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.171/22 и 19/23), нормaтивно правно се уредуваат граничната контрола, надлежностите на полицијата во внатрешноста, соработката меѓу државните органи кои имаат надлежност во граничното управување и меѓународната полициска соработка. Содржински, Законот за гранична контрола (*) е поделен во XIV глави: општи одредби, надлежности и овластувања во вршењето на граничната контрола, преминување на државната граница, гранични проверки, граничен премин и подрачје на граничниот премин, граничен надзор, гранична линија, работи на полицијата во внатрешноста, соработка меѓу државните органи кои имаат надлежност во граничното управување, меѓународна полициска соработка, обработка на лични податоци и евиденции, овластување за подзаконски прописи, прекршочни одредби и преодни и завршни одредби.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Предлогот на закон за изменување на Законот за гранична контрола се заснова врз истите начела врз кои е заснован Законот за гранична контрола (*).