„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРАВИЛНИК ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА КОРИСНИЦИ ПО МЕРКИТЕ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.12 ОД 12.4.2022 ГОДИНА)

17.04.2022

 Врз основа на член 91 став (2) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија” бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19 и 110/21), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе

П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА КОРИСНИЦИ ПО МЕРКИТЕ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ
Член 1
Во Правилникот за поблиските критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Република Македонија” бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 100/19, 215/19, 24/20, 96/21 и 276/21) во членот 2-а во ставот (1) табелата се менува и гласи

Во ставот (3) бројот „50“ се заменува со бројот „60“.
Член 2
Членот 3 се менува и гласи:
„(1) Поблиските критериуми за избор на корисници на поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства се следните:
  • доколку вкупната вредност на инвестицијата не надминува 1.500.000 денари се доделуваат 70 бодови или
  • доколку вкупната вредност на инвестицијата е помеѓу 1.500.001 денари и 3.000.000 денари се доделуваат 60 бодови или
  • доколку вкупната вредност на инвестицијата е помеѓу 3.000.001 денари и 6.000.000 денари се доделуваат 50 бодови и
  • доколку носителот на земјоделското стопанство односно едно од одговорните лица на правното лице е на возраст од 18 до 40 години на денот на поднесување на барањето или доколку носителот на земјоделското стопанство односно едно од одговорните лица на правното лице е жена, се доделуваат 30 бодови.
  • (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, поблиските критериуми за избор на корисници на поддршка за инвестиции за набавка на земјоделска механизација и опрема (трактори, комбајни и приклучна механизација) се следните:
  • доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за житни култури од 10 ха и над 10 ха се доделуваат 100 бодови; - доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за житни култури помалку од 10 ха се доделуваат 70 бодови;
  • доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за индустриски култури, градинарски кутури, овоштарници и лозја од 10 ха и над 10 ха се доделуваат 50 бодови и
  • доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за индустриски култури, градинарски кутури, овоштарници и лозја помалку од 10 ха се доделуваат 30 бодови.“.
Член 3
Во членот 3-б ставот (1) се менува и гласи: „Поблиските критериуми за избор на корисници за поддршка за поттикнување на земјоделско производство се следните:
  • доколку корисникот е невработено лице за период поголем од две години до датумот на поднесувањето на барањето – 15 бодови;
  • доколку инвестицијата е наменета за производство на поледелски култури и користи сертифициран семенски материјал од прва генерација – 30 бодови;
  • доколку корисникот е индивидуален земјоделец регистриран согласно Законот за вршење земјоделска дејност – 20 бодови;
  • доколку корисникот има завршено образование од областа на земјоделството – 5 бодови;
  • доколку корисникот е член на земјоделска задруга – 5 бодови и
  • доколку корисникот е жена и инвестицијата е наменета за производство на поледелски култури – 25 бодови.“.
Член 4
Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
 
Бр. 14-4119/4                                                                                        Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,
11 април 2022 година                                                                                            Љупчо Николовски, с.р.
Скопје