Врз основа на член 91 став (2) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија” бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 152/19, 244/19, 275/19 и 110/21), министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе
П Р А В И Л Н И К
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА КОРИСНИЦИ ПО МЕРКИТЕ ЗА РУРАЛЕН РАЗВОЈ
Член 1
Во Правилникот за поблиските критериуми за избор на корисници по мерките за рурален развој („Службен весник на Република Македонија” бр. 124/11, 80/13, 35/16, 101/17, 162/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 100/19, 215/19, 24/20, 96/21 и 276/21) во членот 2-а во ставот (1) табелата се менува и гласи
Во ставот (3) бројот „50“ се заменува со бројот „60“.
Член 2
Членот 3 се менува и гласи:
„(1) Поблиските критериуми за избор на корисници на поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства се следните:
- доколку вкупната вредност на инвестицијата не надминува 1.500.000 денари се доделуваат 70 бодови или
- доколку вкупната вредност на инвестицијата е помеѓу 1.500.001 денари и 3.000.000 денари се доделуваат 60 бодови или
- доколку вкупната вредност на инвестицијата е помеѓу 3.000.001 денари и 6.000.000 денари се доделуваат 50 бодови и
- доколку носителот на земјоделското стопанство односно едно од одговорните лица на правното лице е на возраст од 18 до 40 години на денот на поднесување на барањето или доколку носителот на земјоделското стопанство односно едно од одговорните лица на правното лице е жена, се доделуваат 30 бодови.
- (2) По исклучок од ставот (1) на овој член, поблиските критериуми за избор на корисници на поддршка за инвестиции за набавка на земјоделска механизација и опрема (трактори, комбајни и приклучна механизација) се следните:
- доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за житни култури од 10 ха и над 10 ха се доделуваат 100 бодови; - доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за житни култури помалку од 10 ха се доделуваат 70 бодови;
- доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за индустриски култури, градинарски кутури, овоштарници и лозја од 10 ха и над 10 ха се доделуваат 50 бодови и
- доколку инвестицијата е наменета за обработка на површини за индустриски култури, градинарски кутури, овоштарници и лозја помалку од 10 ха се доделуваат 30 бодови.“.
Член 3
Во членот 3-б ставот (1) се менува и гласи: „Поблиските критериуми за избор на корисници за поддршка за поттикнување на земјоделско производство се следните:
- доколку корисникот е невработено лице за период поголем од две години до датумот на поднесувањето на барањето – 15 бодови;
- доколку инвестицијата е наменета за производство на поледелски култури и користи сертифициран семенски материјал од прва генерација – 30 бодови;
- доколку корисникот е индивидуален земјоделец регистриран согласно Законот за вршење земјоделска дејност – 20 бодови;
- доколку корисникот има завршено образование од областа на земјоделството – 5 бодови;
- доколку корисникот е член на земјоделска задруга – 5 бодови и
- доколку корисникот е жена и инвестицијата е наменета за производство на поледелски култури – 25 бодови.“.
Член 4
Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 14-4119/4 Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,
11 април 2022 година Љупчо Николовски, с.р.
Скопје