ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 19 став (7) од Царинскиот закон („Службен весник на Република Македонија“ бр. 39/05, 4/08, 35/10, 48/10, 158/10, 44/11, 53/11, 11/12, 171/12, 187/13, 180/14, 15/15, 129/15, 154/15, 192/15, 23/16, 144/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 12 април 2022 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА УКИНУВАЊЕ НА УВОЗНАТА ДАВАЧКА - ЦАРИНСКАТА СТАПКА ЗА УВОЗ НА МАСЛО ОД СОНЧОГЛЕД ЗА ЈАДЕЊЕ
Член 1
Со оваа одлука се пропишува мерка за укинување на увозната давачка - царинската стапка при увоз на масло од сончоглед за јадење и тоа:
Тарифна ознака |
Опис |
1512
1512 19
1512 19 90 00 |
Масла од семе од сончоглед, шафраника или памуково семе и нивни фракции, рафинирани или нерафинирани но хемиски немодификувани:
- Масла од сончоглед или шафраника и нивни фракции:
-- Друго
--- Друго |
Член 2
Стоката од член 1 на оваа одлука ќе се увезува заклучно со 31 мај 2022 година.
Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-3376/1 Прв заменик на претседателот
12 април 2022 година на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје д-р Artan Grubi, с.р.