„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
14.04.2022
ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 28 став (8) и член 58 став (1) од Законот за заштита на населението од заразни болести („Службен весник на Република Македонија“ бр. 66/04, 139/08, 99/09, 149/14, 150/15, 37/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 257/20), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 12 април 2022 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПРЕВЕНТИВНИ ПРЕПОРАКИ, ВРЕМЕНИ МЕРКИ, НАРЕДНИ МЕРКИ, НАМЕНСКИ ПРОТОКОЛИ, ПЛАНОВИ И АЛГОРИТМИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ЗА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНАТА БОЛЕСТ COVID-19 ПРЕДИЗВИКАНА ОД ВИРУСОТ SARS-CoV-2, СЛУЧАИТЕ И ВРЕМЕНСКИОТ ПЕРИОД НА НИВНА ПРИМЕНА Член 1
Во Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредни мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест COVID-19 предизвикана од вирусот SARS CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 263/20, 269/20, 275/20, 287/20, 292/20, 298/20, 304/20, 306/20, 317/20, 13/21, 45/21, 53/21, 55/21, 58/21, 64/21, 65/21, 75/21, 87/21, 94/21, 100/21, 106/21, 109/21, 113/21, 116/21, 119/21, 126/21, 133/21, 139/21, 141/21, 146/21, 153/21, 162/21, 176/21, 187/21, 193/21, 199/21, 204/21, 220/21, 234/21 и 237/21, 242/21, 261/21, 291/21, 50/22 и 78/22), во член 3 во став 1 во точката 14. по зборовите „од отворен тип“ се додаваат зборовите „и од затворен тип за лицата над 65 годишна возраст, хронични болни и лица кои се имунокомпромитирани“.
Член 2
Во член 5 став 1 во точката 3. по зборовите „лица од заразната болест COVID-19“ се става точка, а зборовите до крајот на реченицата се бришат.
Член 3
Во член 6 ставот 1 се менува и гласи:
„Секое домашно или странско физичко лице на територијата на Република Северна Македонија задолжително треба да носи лична заштита на лицето согласно член 5 став 1 точка 1. од оваа одлука, при излегување надвор од својот дом (живеалиште и/или престојувалиште) и тоа при движење во затворени објекти во здравствените установи, аптеки, јавен превоз (автобуски, железнички, авио и такси превоз) и во установите за згрижување на стари лица и лица со попреченост“. Ставот 2 се брише.
Ставот 3 станува став 2.
Во ставот 4, кој станува став 3, точките 1., 2., 3., 4., 5. и 6. се бришат. Точките 7. и 8. стануваат точки 1. и 2.. Член 4
Во член 7 по зборовите „Република Северна Македонија,“ се додаваат зборовите „во здравствените установи, аптеки, јавен превоз (автобуски, железнички, авио и такси превоз), установите за згрижување на стари лица и лица со попреченост,“.
Член 5
Во член 10 ставот 4 се менува и гласи:
„Самоизолацијата не се спроведува на членовите на потесното семејство од семејната заедница кои живеат заедно со заболени лица од заразната болест COVID-19, ниту на лица кои подолго време биле во близина, односно во контакт со лице заболено од заразната болест COVID-19 (заедно работат или престојуваат по било кој основ), а се препорачува овие лица да носат заштитна маска (трослојна хируршка маска или KN95) во затворен простор во период од седум дена од последниот ден на контакт со потврдениот случај.“ Член 6
Во член 11 во ставот 1 зборовите „и лица кои биле или се сомнева дека биле во непосреден контакт со лице заболено или инфицирано со заразната болест COVID-19,“ се бришат.
Во ставот 2 зборовите „и член 10 став 4 од оваа одлука“ се бришат. Член 7
Во член 13 точката 1. се брише.
Точките 2. и 3. стануваат точки 1. и 2.. Точката 4 се брише. Точките 5., 6., 7., 8., 9., 10. и 11. стануваат точки 3., 4., 5., 6., 7., 8. и 9.. Во точката 12. која станува точка 10. зборовите „точка 10 став 1 алинеи 1 и 2 и точка 11 став 1 алинеи 1 и 2“ се заменуваат со зборовите „точка 8 став 1 алинеи 1 и 2 и точка 9 став 1 алинеи 1 и 2“. Точките 13. и 14. стануваат точки 11. и 12.. Член 8
Прилогот број 1., Прилогот број 2., Прилогот број 3., Прилогот број 5., Прилогот број 7., Прилогот број 8., Прилогот број 9., Прилогот број 10., Прилогот број 11., Прилогот број 12., Прилогот број 13., Прилогот број 14., Прилогот број 15, Прилогот број 16., Прилогот број 17., Прилогот број 18., Прилогот број 19., Прилогот број 21., Прилогот број 23., Прилогот број 24., Прилогот број 25., Прилогот број 26., Прилогот број 27., Прилогот број 28., Прилогот број 29., Прилогот број 30., Прилогот број 31., Прилогот број 32., Прилогот број 33, Прилогот број 34., Прилогот број 35., Прилогот број 36., Прилогот број 37., Прилогот број 38., Прилогот број 39., Прилогот број 40., Прилогот број 41., Прилогот број 42., Прилогот број 43., Прилогот број 44., Прилогот број 45., Прилогот број 46., Прилогот број 47., Прилогот број 48., Прилогот број 49., Прилогот број 50., Прилогот број 51., Прилогот број 52., Прилогот број 53., Прилогот број 54., Прилогот број 56., Прилогот број 57., Прилогот број 58., Прилогот број 59., Прилогот број 60., Прилогот број 61., Прилогот број 62., Прилогот број 63., Прилогот број 64., Прилогот број 65., Прилогот број 66, Прилогот број 67., Прилогот број 68., Прилогот број 69., Прилогот број 71., Прилогот број 72., Прилогот број 73., Прилогот број 75., Прилогот број 76., Прилогот број 77. и Прилогот број 78. се заменуваат со нов Прилог број 1., Прилог број 2., Прилог број 3., Прилог број 5., Прилог број 7., Прилог број 8., Прилог број 9., Прилог број 10., Прилог број 11., Прилог број 12., Прилог број 13., Прилог број 14., Прилог број 15, Прилог број 16., Прилог број 17., Прилог број 18., Прилог број 19., Прилог број 21., Прилог број 23., Прилог број 24., Прилог број 25., Прилог број 26., Прилог број 27., Прилог број 28., Прилог број 29., Прилог број 30., Прилог број 31., Прилог број 32., Прилог број 33, Прилог број 34., Прилог број 35., Прилог број 36., Прилог број 37., Прилог број 38., Прилог број 39., Прилог број 40., Прилог број 41., Прилог број 42., Прилог број 43., Прилог број 44., Прилог број 45., Прилог број 46., Прилог број 47., Прилог број 48., Прилог број 49., Прилог број 50., Прилог број 51., Прилог број 52., Прилог број 53., Прилог број 54., Прилог број 56., Прилог број 57., Прилог број 58., Прилог број 59., Прилог број 60., Прилог број 61., Прилог број 62., Прилог број 63., Прилог број 64., Прилог број 65., Прилог број 66, Прилог број 67., Прилог број 68., Прилог број 69., Прилог број 71., Прилог број 72., Прилог број 73., Прилог број 75., Прилог број 76., Прилог број 77. и Прилог број 78., кои се дадени во прилог и се составен дел на оваа одлука.
Член 9
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2085/3 Прв заменик на претседателот на Владата на
12 април 2022 година Република Северна Македонија, Скопје д-р Artan Grubi, с.р. |