ЗАКОН ЗА ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ И ПЛАТНИ СИСТЕМИ (*)
Со овој закон се уредуваат видовите на платежни услуги, дозволата за давањето на платежни услуги, издавање електронски пари, транспарентноста на условите и обврските за информирање во врска со платежните услуги, правата и обврските на давателите и корисниците на платежните услуги, отворањето и користењето на платежната сметка, преносливоста на платежната сметка, транспарентноста и споредливоста на надоместоците поврзани со платежните сметки и услуги, постапките за решавање на спорови настанати при давањето на платежни услуги, платните системи и конечноста на порамнувањата, надзорот над платежните институции, институциите за електронски пари и операторите на платните системи, воспоставувањето и одржувањето на единствениот регистар на сметки, како и други прашања поврзани со платежните услуги и платните системи.