„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.89 ОД 11.4.2022 ГОДИНА)

12.04.2022

 ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Законот за изменување и дополнување на Законот за животната средина пропишува одредби со кои:
  • се дефинираат контаминираните подрачја;
  • се воспоставува правен основ за донесување на методологија за идентификување на контаминирани подрачја;
  • се уредува планот за управување со контаминирано подрачје;
  • се доуредува практичниот дел од испитот за постапување со средства за ладење и/или производи кои содржат средства за ладење;
  • се менува надоместокот што се плаќа за добивање на дозвола за увоз на протектирани или употребувани гуми, надоместоците за моторни возила и пловни објекти; 
  • се доуредува делот за финансирање во животната средина.
Одредбата посветена на дефинициите на поимите во законскиот текст се дополнува со дефинициина следните поими:
„61. Контаминирано подрачје е локалитет (со сите придружни објекти во рамките на локалитетот) на коешто е утврдено загадување на медиумите на животната средина при што сериозноста од можните влијанија на екосистемот и здравјето на луѓето е со такво значење што е неопходна ремедијација на истото;
62. Ремедијација на животната средина е мерка за санација на постојното загадување на животната средина, со цел намалување на концентрациите на загадувачките материи и супстанции до ниво кое не претставува опасност по животната средина и
63. Стручен орган на државната управа надлежен за вршење на стручните работи во областа на животната средина е Управата за животна средина.“