ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 47 став (6) од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/10, 53/11, 126/12, 15/13, 69/13, 106/13, 177/14, 25/15, 73/15, 83/15, 154/15, 11/16, 53/16, 120/16, 163/16, 74/17, 83/18, 27/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 152/19, 244/19, 275/19 и 110/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 5 април 2022 година, донесе
УРЕДБА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА УРЕДБАТА ЗА ПОБЛИСКИТЕ КРИТЕРИУМИ ЗА ДИРЕКТНИ ПЛАЌАЊА, КОРИСНИЦИТЕ НА СРЕДСТВАТА, МАКСИМАЛНИТЕ ИЗНОСИ И НАЧИНОТ НА ДИРЕКТНИТЕ ПЛАЌАЊА ЗА 2022 ГОДИНА
Член 1
Во Уредбата за поблиските критериуми за директните плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2022 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 28/22, 56/22 и 69/22) во членот 2 став (2) во табелата подмерка 1.2. се менува и гласи
Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.1. за обработлива земјоделска површина со големина над 1 хектар |
- Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои во производната 2021/2022 година имаат засеани и ожнеани површини со поледелски култури со пријавена површина над 1 хектар збирно за следните култури: јачмен, пченица, 'рж, овес и сончоглед, а се корисници од подмерка 1.1. на ова уредба;
- Оствареното производство да е продадено во преработувачки капацитети вклучително и произведените жита за потребите на сопствениот преработувачки капацитет;
- Висината на поддршката е условена со остварени просечни приноси над: 4.000 кг/ха за пченица, 3.000 кг/ха за јачмен, 3.000 кг/ха за 'рж, 3.000 кг/ха за овес и 1.500 кг/ха за сончоглед;
- Висината за директните плаќања за засеана површина со јачмен, пченица, ' рж, овес и сончоглед изнесува 5.760 денари по хектар.
|
Во ставот (3) во табелата во подмерката 2.7. во колоната „Поблиски критериуми и Висина на директни плаќања“ во алинејата 2 зборовите „1.000 денари по грло“ се заменуваат со зборовите „1.200 денари по грло“.
Во подмерката 2.15. во колоната „Поблиски критериуми и Висина на директни плаќања“ во алинејата 1 зборовите „од 1 мај 2021 година до 30 април 2022 година“ се заменуваат со зборовите „од 1 октомври 2021 година до 30 септември 2022 година“.
Во подмерката 2.16. во колоната „Поблиски критериуми и Висина на директни плаќања“ во алинејата 2 зборовите „80 денари по несилка“ се заменуваат со зборовите „125 денари по несилка“. Во подмерката 2.17. во колоната „Поблиски критериуми и Висина на директни плаќања“ во алинејата 1 зборовите „од 1 мај 2021 година до 30 април 2022 година“ се заменуваат со зборовите „од 1 октомври 2021 година до 30 септември 2022 година“.
Член 2
Во членот 3 во ставот (24) по зборовите „18.450.000 денари по корисник“ се додаваат зборовите „,освен за подмерките 1.1., 1.2. и 1.3. од оваа уредба за кои вкупниот максимален износ по корисник изнесува 30.750.000 денари“.
Член 3
Оваа уредба влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-3153/1 Прв заменик на претседателот
5 април 2022 година на Владата на Република Северна Македонија, С к о п ј е д-р Artan Grubi, с.р.