ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 30 став 1 алинеја 1 од Законот за трговија („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/04, 128/06, 63/07, 88/08, 159/08, 20/09, 99/09, 105/09, 115/10, 158/10, 36/11, 53/11, 148/13, 164/13, 97/15, 129/15, 53/16, 120/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.77/21, 215/21 и 295/21), Владата на Република Северна Македонија, на седницата одржана на 29 март 2022 година, донесе
ОДЛУКА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈАТА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ
Член 1
Во Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.51/22), во членот 1, став 1, алинејата 3 се менува и гласи:
„- брашно од пченица–тип 400 и тип 500;“.
По ставот 4 се додава нов став 5 кој гласи:
„За стоките утврдени во ставот 1, алинеите 4, 5, 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12 на овој член, се признаваат оперативни трошоци во висина до 20% од набавната цена во трговијата на големо, односно до 15% од набавната цена во трговијата на мало.“
Ставот 5 станува став 6.
Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2899/1 Прв заменик на претседателот
29 март 2022 година на Владата на Република Северна Македонија,
С к о п ј е д-р Artan Grubi, с.р.