„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување на законот за стоковните резерви, по скратена постапка

17.07.2025

 Предлагач се група пратеници.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целта на предложениот закон е да се прецизира критериумот за познавање на странски јазици за директорот на Агенцијата за стоковни резерви, со што ќе се овозможи подобра усогласеност со меѓународните стандарди и ефикасно извршување на функцијата. Законот се заснова на истите начела на кои се заснова и основниот текст на Законот за стоковните резерви, со фокус на транспарентност, стручност и усогласување со европските регулативи. Пропишување на критериум за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски) на ниво Б2, со сертификат издаден од регистрирана установа или институција.