„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
16.07.2025
Предлагачи се група пратеници.
ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ Предлогот на закон се предлага со цел поттикнување и помагање на научниот и технолошкиот развој на студентите кои се запишани на додипломски студии во сите високообразовни установи во Република Северна Македонија во учебната 2025/2026 година, со што ќе им се овозможи непречен пристап до образовни содржини и алатки за учење, а со тоа и директна стимулација на компаниите кои се дел од ИТ секторот преку јавен повик за изразување интерес за реализација на ваучерите во фер и транспарентна постапка. Воедно, со донесување на Предлогот на Закон ќе се придонесе кон процесот на дигитална трансформација на општеството и унапредување на дигиталната писменост кај младата популација.