„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за метрологијата

09.07.2025

Предлагач е Владата на РСМ.

ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за метрологијата се заснова на истите цели и начела на кој се заснова и Законот за метрологијата и со ова законско решение ќе се создаде правен основ за подобро остварување на функцијата на Бирото за метрологија како орган во состав на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини за вршење на стручните и другите работи во областа на метрологијата утврдени со овој и со други закони и Метролошкиот совет како стручно и советодавно тело на Бирото во областа на метрологијата и со истиот се врши усогласеност со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.121/24).