„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

На Собрание на РСМ е објавен Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за енергетика, по скратена постапка

23.06.2025

 Предлагачи се група пратеници

 
 

I. ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ ОД ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОНОТ Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика содржи 7 члена. Во членовите 1 и 2 се допрецизира можноста за поднесување на иницијатива за вклучување во Годишниот план за изградба на енергетски објекти и со решение за изведување на градба односно поставување на опрема за кои не е потребно одобрение за градење согласно закон, како и се дава законски основ ова решение да е услов за добивање на овластување односно за правосилност на овластувањето кое се однесува за електроцентралите на кров. Во членот 3 се уредува усогласувањето на постојните лиценци кои согласно новиот закон Регулаторната комисија е должна да ги усогласи согласно правилникот за лиценци и во истите при менувањето усогласувањето на лиценцата согласно одредбите од законот за енергетика ќе се врши без приложување на доказот од членот 74 став (14) и без обврската за инсталирање на складишта на електрична енергија од членот 87 од законот. Во членот 4 се врши терминолошко усогласување со лиценците за пробна работа. Во членот 5 се прецизират енергетските објекти кои можат да бидат дел од Годишниот план за 2025 година а се однесуваат на објектите кои до денот на влегување во сила на Законот за енергетика („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/25), е добиено решение за изведување на градба односно поставување на опрема за кои не е потребно одобрение за градење Во членот 5 се допрецизира работата и постапувањето на постојната комисија за овластување во однос на започнатите постапки. Во членот 6 се прецизираат само членовите кои остануваат да се применуваат од Законот за енергетика (*) („Службен весник на Република Македонија“ бр. 96/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19, 236/22,134/24 и 147/24). Влегувањето во сила е уредено во членот 7