„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за инспекциски надзор, по скратена постапка

20.06.2025

 Предлагач е Владата на РСМ

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Основната цел на Предлогот на закон за инспекциски надзор, по скратена постапка е да воспостави нов поефикасен модел на координација на работата на различните инспекции, преку формирање Колегиум на директори на државни инспекторати како меѓуресорско координативно работно тело составено од директорите на државните инспекторати, како и да обезбеди јасна и доследна структура на отчетност преку обединување на надлежностите за назначување, разрешување и следење на работата во 4 рамките на истиот орган, што ќе придонесе за зголемување на ефикасноста и транспарентноста на процесот на оценување на нивната работа. Министерството за јавна администрација од Инспекцискиот совет ќе ги преземе надлежностите во однос на донесување на општите подзаконски акти кои произлегуваат од овој закон, а ресорните министери ќе бидат надлежни да ги пропишат подзаконските акти со кои се уредуваат специфични прашања од надлежност на инспекциската служба организирана како орган во состав на министерството. Со укинување на Инспекцискиот совет, вработените, просториите, опремата, документацијата и другите средства за работа се преземаат во Министерството за јавна администрација, со што ќе се зајакнат капацитетите на Министерството. Донесувањето на Предлогот на закон за инспекцискиот надзор ќе има позитивно влијание врз Буџетот на Република Северна Македонија, односно намалување на трошоците од плати и надоместоци со престанување на мандатот на претседателот, на членовите на Инспекцискиот советот и на генералниот секретар. Предлог на Законот за инспекциски надзор се заснова на следните општи начела: - начело на законитост - начело на заштита на јавниот интерес; - начело на еднаквост, непристрасност и објективност, - начело на одговорност, - начело на материјална вистина, - начело на сослушување на субјектот на инспекцискиот надзор, - начело на самостојност, - начело на јавност, - начело на пропорционалност, - начело на превенција и - начело на супсидијарност.