ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Врз основа на член 7 став (1) од Законот за рестриктивни мерки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 190/17), Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 15 март 2022 година, донесе
ОДЛУКА
ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ СОГЛАСНО ОДЛУКАТА (ЗНБП) 2022/331 НА СОВЕТОТ ОД 25 ФЕВРУАРИ 2022 ГОДИНА ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА 2014/145/ЗНБП ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ВО ПОГЛЕД НА ДЕЈСТВИЈАТА КОИ ГО ПОТКОПУВААТ ИЛИ ЗАГРОЗУВААТ ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ, СУВЕРЕНИТЕТОТ И НЕЗАВИСНОСТА НА УКРАИНА И РЕГУЛАТИВАТА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ (ЕУ) 2022/332 НА СОВЕТОТ ОД 25 ФЕВРУАРИ 2022 ГОДИНА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА РЕГУЛАТИВАТА (ЕУ) БР. 269/2014 ЗА РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ВО ПОГЛЕД НА ДЕЈСТВИЈАТА КОИ ГО ПОТКОПУВААТ ИЛИ ЗАГРОЗУВААТ ТЕРИТОРИЈАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ, СУВЕРЕНИТЕТОТ И НЕЗАВИСНОСТА НА УКРАИНА
Член 1
Со оваа одлука се воведуваат рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2022/331 на Советот од 25 февруари 2022 година за изменување на Одлуката 2014/145/ЗНБП за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина и Регулативата за спроведување (ЕУ) 2022/332 на Советот од 25 февруари 2022 година за спроведување на Регулативата (ЕУ) бр. 269/2014 за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина.
Член 2
Оваа одлука се однесува на следните видови рестриктивни мерки:
- финансиски мерки и
- забрана за влез во Република Северна Македонија.
Член 3
Се определуваат Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за финансии - Управа за финансиско разузнавање, Министерство за економија и Народната банка на Република Северна Македонија, за надлежни органи за спроведување на рестриктивните мерки.
Член 4
Одлуката (ЗНБП) 2022/331на Советот од 25 февруари 2022 година за изменување на Одлуката 2014/145/ЗНБП за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина и Регулативата за спроведување (ЕУ) 2022/332 на Советот од 25 февруари 2022 година за спроведување на Регулативата (ЕУ) бр. 269/2014 за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина, во оригинална англиски и во превод на македонски јазик се дадени во прилог и се составен дел на оваа одлука.
Член 5
Рестриктивните мерки од член 2 од оваа одлука се воведуваат на неопределено време.
Член 6
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2341/1 Прв заменик на претседателот
15 март 2022 година на Владата на Република Северна Македонија,
Скопје д-р Artan Grubi, с.р.