„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПРЕВОЗ ВО ПАТНИОТ СООБРАЌАЈ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР. 66 ОД 18.3.2022 ГОДИНА)

20.03.2022

 Член 1

Во Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република Македонија“ број 68/2004, 127/2006, 114/2009, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13, 163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15, 37/16, 71/16, 64/18, 140/18 и 163/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 275/19), во член 8-ѓ по ставот 4 се додаваат три нови става 5, 6 и 7 кои гласат:
„По исклучок од ставот 4 на овој член, во случај кога единствениот електронскиот систем за полагање на испитите не е во функција како резултат на настани кои не можеле да се предвидат, а поради крајна итност за да не дојде до застој во континуираното вршење на превоз на патници и стока во меѓународниот патен сообраќај, испитите од членовите 8-а и 8-б од овој закон ќе се спроведат во хартиена форма.
Прашањата за испитите од ставот 5 на овој член согласно со Програмата од членот 8-а став 9 од овој закон и Програмата од членот 8-б став 12 од овој закон, ги подготвува Комисијата од членовите 8-а став 2 и 8-б став 5 од овој закон, за испитната сесија кои нема да се повторуваат со претходната.
Начинот на спроведување на постапката за полагање на испитот од ставот 5 од овој член ја пропишува министерот за транспорт и врски.“.
Член 2
Подзаконскиот акт предвиден со овој закон ќе се донесе во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Член 3
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.