Член 1
Со оваа oдлука се воведуваат рестриктивни мерки согласно Одлуката (ЗНБП) 2022/327 на Советот од 25 февруари 2022 година за изменување на Одлуката 2014/512/ЗНБП за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија за дестабилизирање на состојбата во Украина и Регулативата (ЕУ) 2022/328 на Советот од 25 февруари 2022 година за изменување на Регулативата (ЕУ) бр. 833/2014 за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија за дестабилизирање на состојбата во Украина.
Член 2
Оваа oдлука се однесува на следните видови рестриктивни мерки:
- финансиски мерки;
- ембарго на стоки и услуги;
- ембарго на оружје.
Член 3
Се определуваат Министерство за внатрешни работи, Министерство за финансии, Министерство за финансии - Управа за финансиско разузнавање, Министерство за финансии - Царинска управа, Министерство за економија, Министерство за транспорт и врски, Министерство за одбрана и Народната банка на Република Северна Македонија, за надлежни органи за спроведување на рестриктивните мерки.
Член 4
Одлуката (ЗНБП) 2022/327 на Советот од 25 февруари 2022 година за изменување на Одлуката 2014/512/ЗНБП за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија за дестабилизирање на состојбата во Украина и Регулативата (ЕУ) 2022/328 на Советот од 25 февруари 2022 година за изменување на Регулативата (ЕУ) бр. 833/2014 за рестриктивни мерки во поглед на дејствијата на Русија за дестабилизирање на состојбата во Украина, во оригинална англиски и во превод на македонски јазик се дадени во прилог и се составен дел на оваа одлука.
Член 5
Рестриктивните мерки ќе се применуваат до 31 јули 2022 година.
Член 6
Оваа одлука влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 41-2108/1 Претседател на Владата
8 март 2022 година на Република Северна Македонија,
Скопје д-р Димитар Ковачевски, с.р.