„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА КНИГАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА ЗА ИЗВРШЕНИТЕ ПРОСПЕКЦИСКИ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР.51 ОД 9.3.2022 ГОДИНА)

12.03.2022

 МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА

Врз основа на член 7-в став (3) од Законот за минерални суровини („Службен весник на Репубика Македонија“ бр. 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16 и 7/19), министерот за економија, донесе
ПРАВИЛНИК
ЗА ФОРМАТА, СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА КНИГАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈА ЗА ИЗВРШЕНИТЕ ПРОСПЕКЦИСКИ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА
Член 1
Со овој правилник се пропишува формата, содржината и начинот на водењето на Книгата за водење на евиденција за извршените проспекциски геолошки истражувања.
Член 2
Книгата за водење на евиденција за извршените проспекциски геолошки истражувања (во понатамошниот текст: Книгата) се води во хартиена форма како тврдо укоричена книга со димензии 210 x 297 мм на евиденциски листови кои се меѓусебно поврзани и нумерирани и се испечатени на хартија со бела боја во А4 формат.
Книгата е со црвени корици и на првата страна има испишан текст со букви во црна боја: „Книга за водење на евиденција за извршените проспекциски геолошки истражувања“.
Член 3
Евиденцискиот лист од Книгата содржи податоци за:
1. НОСИТЕЛОТ НА ПРОСПЕКЦИСКИТЕ ГЕОЛОШКИ ИСТРАЖУВАЊА
1.1 Концесионер,
1.2 Број и датум на Договорот за доделување на концесија за проспекциски геолошки истражувања,
1.3 Надлежен орган кој ја доделил концесијата,
1.4 Минерални суровини кои се предмет на истражувањата,
1.5 Одобрен простор за истражувањата,
1.6 Времетраење на истражувањата и
1.7 Изведувач на истражувањата.
2. ВИД И ОБЕМ НА ИСТРАЖНИ РАБОТИ
2.1 Површина опфатена со картирање и опробување на теренот,
2.2 Вид на опробување,
2.3 Број на земени проби,
2.4 Датум на земените проби,
2.5 Лице кое ги земало пробите и
2.6 Лабораториски испитувања и анализи (се наведуваат сите видови на анализи кои ќе се изведат по вид и обем).
Формата и содржината на Книгата се дадени во Прилог кој е составен дел на овој правилник.
Член 4
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 24-1023/1    
25 февруари 2022 година                                                                                                  Министер за економија,
Скопје                                                                                                                                    Kreshnik Bekteshi, с.р.