МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
Врз основа на член 66 став (3) од Законот за минерални суровини („Службен весник на Република Македонија“ бр. 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16 и 7/19), министерот за економија донесе
ПРАВИЛНИК
ЗА НАЧИНОТ НА ВОДЕЊЕ НА ЕВИДЕНЦИЈАТА НА ПРОИЗВЕДЕНИТЕ КОЛИЧИНИ НА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ
Член 1
Со овој правилник се пропишува начинот на водење на евиденцијата на произведените количини на минерални суровини.
Член 2
Евиденцијата на произведените количини на минерални суровини се води во форма на книга во А3 формат, со зелени тврди корици на чија предна страна со црни букви е содржан наслов: „Книга за водење евиденција на произведени количини на минерални суровини“.
Книгата од став 1 на овој член се состои од евиденциски листови кои се меѓусебно поврзани и нумерирани.
Член 3
Евиденцијата за произведените количини на минерални суровини се води во хартиена и електронска форма.
Член 4
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 24-1017/1
25 февруари 2022 година Министер за економија,
Скопје Kreshnik Bekteshi, с.р.