МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
Врз основа на член 13 став (5) од Законот за минерални суровини („Службен весник на Репубика Македонија“ бр. 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16 и 7/19), министерот за економија донесе
ПРАВИЛНИК
ЗА СОДРЖИНАТА И НАЧИНОТ НА ИЗРАБОТКА НА СТУДИЈАТА ЗА ОЦЕНА НА ВЛИЈАНИЕТО И РЕЖИМОТ НА МИНЕРАЛНИТЕ, ТЕРМОМИНЕРАЛНИТЕ, ТЕРМАЛНИТЕ ВОДИ И МИНЕРАЛНИТЕ ВОДИ И ГАСОТ CO2
Член 1
Со овој правилник се пропишува содржината и начинот на изработка на Студијата за оцена на влијанието и режимот на минералните, термоминералните, термалните води и минералните води и гасот CO2.
Член 2
Студијата за оцена на влијанието и режимот на минералните, термоминералните, термалните води и минералните води и гасот CO2 (во понатамошен текст: Студијата) ги содржи следните податоци:
1) Општи податоци за Студијата;
2) Текстуален дел и
3) Графички дел.
Член 3
Општите податоци за Студијата се состојат од:
1) Наслов на Студијата, назив на правното лице кое ја изработило, потпис на лицето носител на изработка на Студијата, место и година на изработка на Студијата и печат на правното лице - имател на овластувањето и
2) Список на соработници кои учествувале во изработката на Студијата и нивни потписи.
Член 4
Текстуалниот дел на Студијата се состои од:
1) Вовед;
2) Метеоролошки карактеристики;
3) Хидрографски и хидролошки карактеристики;
4) Геоморфолошки карактеристики на теренот;
5) Геолошка градба:
- приказ на литолошкиот состав и
- тектоника;
6) Преглед на претходно извршени хидрогеолошки истражувања и оцена на степенот на хидрогеолошка истраженост;
7) Хидрогеолошки карактеристики на теренот:
- тип на издани,
- хидродинамички карактеристики и
- хидрогеолошка функција на изданите;
8) Хидрогеолошки параметри на изданите:
- димензии, граници и положба на изданските зони,
- услови за формирање на минералните, термоминералните, термалните води и минералните води и гасот CO2,
- субартески и артески притисоци, нивоа и правци на движење на минералните, термоминералните, термалните води и минералните води и гасот CO2,
- определување на хидрогеолошките параметри (моќност, коефициент на филтрација, коефициент на водопроводност, специфична издашност, издашност, радиус на влијание на експлоатационите објекти, пиезопроводност, нивопроводност и сл.) на изданите и
- квалитет на минералните, термоминералните, термалните води и минералните води и гасот CO2;
9) Резерви на минералните, термоминералните, термалните води и минералните води и гасот CO2 и тоа:
- динамички резерви,
- статички резерви и
- експлоатациони резерви;
10) Биланс на минералните, термоминералните, термалните води и минералните води и гасот CO2;
11) Оцена на степенот на хидрогеолошка истраженост и искористеност;
12) Предлог простор за детални хидрогеолошки истражувања со приказ на предвидени истражни и испитателни хидрогеолошки работи;
13) Геолошко-економска оцена за перспективноста на просторот и оцена на подобноста во однос на изградба на нови експлоатациони објекти;
14) Заштита на подземните води;
15) Заклучоци и препораки и
16) Список на користена литература.
Член 5
Графичкиот дел на Студијата се состои од:
- прегледна геолошка карта во размер 1:100 000;
- хидрогеолошка карта во размер 1:25 000;
- детална хидрогеолошка карта во размер 1:10 000;
- напречен хидрогеолошки профил во размер 1:10 000;
- надолжен хидрогеолошки профил во размер 1:10 000;
- тестови на црпење на хидрогеолошките објекти (бунари, дупнатини и сл.);
- хидрограм на црпење на хидрогеолошките објекти (бунари, дупнатини и сл.)ч
- дијаграми за определување на хидрогеолошките параметри на водоносните средини (моќност, коефициент на филтрација, коефициент на водопроводност, специфична издашност, издашност, радиус на влијание на експлоатационите објекти, пиезопроводност, нивопроводност и сл.).
Графичкиот дел содржи и Прилог кој се состои од: наслов, размер во кој е изработен Прилогот, основа на Прилогот и соодветна легенда на основата.
Член 6
Студијата се изработува како тврдо укоричена книга во хартиена форма и во електронска форма.
Член 7
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 24-1013/1
25 февруари 2022 година Министер за економија,
Скопје Kreshnik Bekteshi, с.р.