МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
Врз основа на член 87 став (3) oд Законот за минерални суровини („Службен весник на Репубика Македонија“ бр. 136/12, 25/13, 93/13, 44/14, 160/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16, 120/16, 189/16 и 7/19), министерот за економија донесе
ПРАВИЛНИК
ЗА СОДРЖИНАТА НА ПЛАНОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ОД МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ
Член 1
Со овој правилник се пропишува содржината на Планот за управување со отпад од минерални суровини.
Член 2
За инсталациите за отпад од минерални суровини класифицирани во категорија А, согласно член 91 од Законот за минерални суровини, Планот за управување со отпад од минерални суровини (во понатамошниот текст: Планот) треба да ги содржи најмалку следните поглавја:
1. Не-техничко резиме;
2. Воведни објаснувања;
3. Цели на Планот;
4. Структура на Планот;
5. Клaсификација на инсталацијата за отпад од минерални суровини;
6. Категоризација на отпад од минерални суровини со прикажување на:
- основни информации за експлотационото поле,
- природа на отпадот од минерални суровини (јаловината) и начин на постапување и
- геомеханички карактеристики на отпад од минерални суровини;
7. Изградба и управување со инсталацијата за отпад од минерални суровини;
8. Процена на ризиците по животната средина и здравјето на луѓето;
9. Превенција на ризиците и мерки на заштита;
10. План за вонредни состојби;
11. План за мониторинг на мерките за намалување на влијанието врз животната средина и
12. Предлог план за затварање, грижа по затварањето и мониторинг на инсталацијата за отпад од минерални суровини (со процена на придружните трошоци).
Член 3
За инсталациите за отпад од минерални суровини кои не се класифицирани во категорија А, согласно член 91 од Законот за минерални суровини, Планот треба да ги содржи најмалку следните поглавја:
1. Општи податоци за изготвувачот и за инсталацијата и
2. Не-техничко резиме во кое се даваат наводи за причините за класификација на инсталација/просторот за депонирање и категоризација на отпад од минерални суровини како неопасен.
Кон Планот од ставот 1 на овој член се доставуваат следните податоци:
- опис на технологијата на екстракција, обработка/процесирање и депонирање на отпадот од минерални суровини;
- карактеристики на отпадот од минерални суровини;
- матрица на процена на ризиците по животната средина и здравјето на луѓето;
- план за мониторинг на мерките за намалување на влијанието врз животната средина и
- предлог план за затварање, грижа по затварањето и мониторинг на инсталацијата за отпад од минерални суровини (со процена на придружните трошоци).
Член 4
Овој правилник влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Бр. 24-1012/1
25 февруари 2022 година Министер за економија,
Скопје Kreshnik Bekteshi, с.р.