Член 1
Во Законот за акцизите (*) („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 108/19, 143/19, 225/19, 275/19 и 77/21), во член 92 по ставот (10) се додаваат два нови става (11) и (12), кои гласат:
„(11) По исклучок од ставот (3) на овој член во услови на големи природни непогоди или епидемии во Република Северна Македонија, на прогласена воена состојба, на утврдено постоење на вонредна состојба или при одлука за постоење на кризна состојба, кога настанале или можат да настанат нарушувања на снабдувањето на населението или пореметувања во снабдувањето на други области (субјекти) со енергенти, начинот на пресметката на акцизата може да се врши на следниов начин:
1) за моторен бензин од тарифните ознаки 2710 12 31 00, 2710 12 41 00, 2710 12 45 00, 2710 12 49 00, 2710 12 51 00 и 2710 12 59 00 и тоа за безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар се пресметува врз основа на податокот за износот на акцизата за безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар изразена во денари за литар и податокот за износот на дополнителното намалување на акцизата искажана во денари за литар во зависност од средната дневна берзанска цена на Prem Unl 10ppm на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“ од Platt’s European Marketscan за период од 1 до 15 во месецот и од 16 до крајот на месецот, според следнава формула:
АБ = 22,00 ден/лит - ДНА ден/лит, при што:
- АБ е акциза за безоловен бензин изразен во денари за литар и
- ДНА е износ на дополнително намалување на акциза за безоловен бензин искажана во денари за литар, чиј износ зависи од средната дневна берзанска цена на Prem Unl 10 ppm на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“ од Platt’s European Marketscan и се утврдува на следниов начин:
а) доколку средната дневна берзанска цена на Prem Unl 10ppm на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“ од Platt’s European Marketscan е поголема од 800 USD/ton, но помала или еднаква на 1000 USD/ton, износот на ДНА е 1 денар за литар;
б) доколку средната дневна берзанска цена на Prem Unl 10ppm на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“ од Platt’s European Marketscan е поголема од 1000 USD/ton, но помала или еднаква на 1200 USD/ton, износот на ДНA е 2 денари за литар и
в) доколку средната дневна берзанска цена на Prem Unl 10ppm на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“ од Platt’s European Marketscan е поголема од 1200 USD/ton, износот на ДНА е 4 денари за литар.
2) за гасно масло од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00 како погонско гориво се пресметува врз основа на податокот за износот на акциза за гасно масло како погонско гориво изразена во денари за литар и податокот за износот на дополнителното намалување на акцизата искажана во денари за литар во зависност од средната дневна берзанска цена на 10 ppm ULSD на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“ од Platt’s European Marketscan за период од 1 до 15 во месецот и од 16 до крајот на месецот, според следнава формула:
АБ = 15,50 ден/лит - ДНА ден/лит, при што:
- АД е акциза за гасно масло како погонско гориво изразен во денари за литар и
- ДНА е износ на дополнително намалување на акциза за гасно масло како погонско гориво искажана во денари за литар, чиј износ зависи од средната дневна берзанска цена на 10 ppm ULSD на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“ од Platt’s European Marketscan и се утврдува на следниов начин:
а) доколку средната дневна берзанска цена на 10 ppm ULSD на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“ од Platt’s European Marketscan е поголема од 800 USD/ton, но помала или еднаква на 1000 USD/ton, износот на ДНА е 1 денар за литар;
б) доколку средната дневна берзанска цена на 10 ppm ULSD на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“ од Platt’s European Marketscan е поголема од 1000 USD/ton, но помала или еднаква на 1200 USD/ton, износот на ДНA е 2 денари за литар и
в) доколку средната дневна берзанска цена на 10 ppm ULSD на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“ од Platt’s European Marketscan е поголема од 1200 USD/ton, износот на ДНА е 4 денари за литар.
3) за гасно масло како гориво за греење од тарифните ознаки 2710 19 43 00, 2710 19 46 00, 2710 19 47 00, 2710 19 48 00, 2710 20 11 00, 2710 20 15 00, 2710 20 17 00 и 2710 20 19 00 се пресметува врз основа на податокот за износот на акциза за гасно масло како гориво за греење изразена во денари за литар и податокот за износот на дополнителното намалување на акцизата искажана во денари за литар во зависност од средната дневна берзанска цена на Gasoil 0,1% на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“ од Platt’s European Marketscan за период од 1 до 15 во месецот и од 16 до
крајот на месецот, според следнава формула:
АЕ = 15,50 ден/лит - ДНА ден/лит, при што:
- АЕ е акциза за гасно масло како гориво за греење изразена во денари за литар и
- ДНА е износ на дополнително намалување на акциза за гасно масло како гориво за греење искажана во денари за литар, чиј износ зависи од средната дневна берзанска цена на Gasoil 0,1% на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“ од Platt’s European Marketscan и се утврдува на следниов начин:
а) доколку средната дневна берзанска цена на Gasoil 0,1% на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“ од Platt’s European Marketscan е поголема од 800 USD/ton, но помала или еднаква на 1000 USD/ton, износот на ДНА е 1 денар за литар;
б) доколку средната дневна берзанска цена на Gasoil 0,1% на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“ од Platt’s European Marketscan е поголема од 1000 USD/ton, но помала или еднаква на 1200 USD/ton, износот на ДНA е 2 денари за литар и
в) доколку средната дневна берзанска цена на Gasoil 0,1% на котација „Mediterranean cargoes FOB (Italy)“ од Platt’s European Marketscan е поголема од 1200 USD/ton, износот на ДНА е 4 денари за литар.
(12) Владата на Република Северна Македонија на предлог на министерот за финансии поблиску ги определува видот на енергентите, временскиот период како и начинот на пресметката на акцизата утврден согласно со одредбите од ставот (11) на овој член.“.
Член 2
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.