Член 1
Во Правилникот за формирање на највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.108/20,133/20 и 49/22), во членот 6-а ставот (1) се менува и гласи:
„По исклучок од член 6 од овој правилник во услови на зголемување или намалување на берзанските цени на нафтените деривати и/или на курсот на УСД доларот во однос на денарот, коишто ќе предизвикаат зголемување или намалување на малопродажните цени поголемо или еднакво на 2,00 денари/литар за моторни бензини и/или дизел гориво и/или масло за горење, односно 1,000 денари/килограм за мазут, во однос на соодветните малопродажни цени утврдени во последната одлука за определување на највисоките малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт, Регулаторната комисија за енергетика донесува одлука за нови највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати и горива за транспорт.“
Ставот (4) се менува и гласи:
„При определување дали зголемувањето или намалувањето на малопродажните цени е поголемо или еднакво на 2,00 денари/литар за моторни бензини и/или дизел гориво и/или масло за горење, односно 1,000 денари/килограм за мазут, за утврдување на средната дневна берзанска цена на нафтениот дериват Fob Medi, за i-тиот ден од пресметковниот период, се користат котациите објавени на Platt’s European Marketscan за последните пет дена.“
По ставот (4) се додава нов став (5) кој гласи:
„(5) Кога нема зголемување или намалување на малопродажните цени поголемо или еднакво на 2,00 денари/литар за моторни бензини и/или дизел гориво и/или масло за горење, односно 1,000 денари/килограм за мазут, набавната цена, како и највисоките надоместоци за трошоци за работење преку склад и трговска маржа со вклучени транспортни трошоци од склад до бензински станици и крајни потрошувачи, остануваат на ниво утврдено во претходната одлука.
Член 2
Овој правилник влегува во сила со денот на објавувањето во “Службен весник на Република Северна Македонија” и на веб-страницата на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.
Бр. 01-520/1 Претседател
10 март 2022 година на Регулаторна комисија за Скопје
енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, Марко Бислимоски, с.р