Законот за изменување на законот за платниот промет овозможува фирмите кои имаат финансиски проблеми да можат да вршат плаќања со пресметка на меѓусебните обврски и побарувања и во текот на 2022 година.
Со измената на Законот ќе се одложи примената на одредбата од членот 25 став (1) со што учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка меѓусебните парични побарувања и обврски ќе можат да ги плаќаат со пресметка до крајот на 2022 година.
ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПЛАТНИОТ ПРОМЕТ (СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РСМ БР. 39 ОД 22.02.2022)
Член 1
Во Законот за изменување и дополнување на Законот за платниот промет („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 31/20), во членот 16 зборовите: „31 декември 2021“ се заменуваат со зборовите : „31 декември 2022“.
Член 2
Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.