Со новиот Закон за нус – производи од животинско потекло се поедноставува севкупната законска рамка од областа на нус – производите од животинско потекло, истовремено следејќи ја целта за подобро регулирање и имплементирање на правилата кои се однесуваат на нус – производите од животинско потекло и усогласување со регулативата на Европската Унија од оваа област.
Исто така, а во врска со досегашното искуство при имплементација на одредбите од постоечкиот Закон за нус – производи од животинско потекло а во врска со управните постаки за регистрација, обработка и издавање согласности на операторите со нус – производи од животинско потекло детално се пропишуваат документите кои правните лица треба да ги приложат до Агенцијата за храна и ветеринарство за регистрирање или одобрување на објекти и оператори со нус – производи од животинско потекло или добивање на согласност за одредени активности.
Целосниот текст на предлог закон е достапен на следниот
линк.