„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
31.01.2022
Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 28 јануари 2022 година донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката со која се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на следните производи: леб, шеќер, брашно - тип 400, сончогледово масло за јадење, трајно млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5%, свежо месо и сувомеснати производи и сирење и урда.
Согласно измените, највисоките цени на производите утврдени со Одлуката со која се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на следните производи (Службен весник на РСМ Бр. 270 од 6.12.2021 година) ќе се применуваат до 28 февруари 2022 година.