„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

15.12.2022

 Со членoт 1 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се доуредува делот кој се однесува на дефинирањето на прометот на добра.

Со членoт 2 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се врши дефинирање на одредени услуги кои се вршат по електронски пат.
Со членoт 3 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се уредува прометот на вредносни ваучери кои се делат на еднонаменски и повеќенаменски.
Со членот 4 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се пропишува солидарна одговорност на неплатениот данок на додадена вредност на претставникот во поврзаното лице.
Со членот 5 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се воведува терминот на даночен застапник, критериумите за определување на истиот, обврската за регистрација на странски лица кои вршат промет согласно овој закон како и нивно оданочување преку даночниот застапник.
Со членoт 6 од Предлогот на Законот се врши целосно уредување на местото на промет на услугите.
Со членот 7 од Предлогот на Законот за данокот на додадена вредност се врши допрецизирање на посебните видови даночна основа како и се пропишува посебен вид на даночна основа за прометот со увезени половни патнички автомобили.
Со членот 8 од Предлогот на Законот се врши техничко прецизирање на делот кој ја уредува конверзијата на девизни средства во домашна валута.
Со членот 9 од Предлогот на законот се допрецизира членот кој го опишува даночното ослободување за промети наменети за реализација на проект кој е финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен меѓу Република Северна Македонија и странски донатори.
Со членот 10 од на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се допрецизира одредбата за примена за повластена даночна стапка од 5% за основните производи за човечка исхрана и се воведува повластена даночна стапка од 5% за прометот со електронски/дигитални учебници, менстурални производи како и допрецизирање за прометот со софтверски решенија.
Со членот 11 се уредува даночната стапка со останатите производи за човечка исхрана.
Со членот 12 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена
вредност се дополнува делот за даночен должник со што се вклучуваат и даночниот застапник како и оданочивиот трговец.
Со членот 13 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се врши доуредување на враќаењето на претходниот данок кај даночните обврзници. Со членот 14 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се пропишува издавање на ДДВ- даночен број.
Со членот 15 од Предлогот на Законот се врши менување на повикувањето во однос на материјалниот закон, односно се заменува со новиот кој гласи: Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.
Со члеот 16 се воведува дејствието на поедноставената фактура во електронска форма.
Со членот 17 во членот 59-а зборовите ,,став (7)’’ се заменуваат со зборовите ,,став (6)’’.
Со членот 18 се се одредува рокот на влегување во сила на одредбите кои го уредуваат терминот даночен
застапник како и местото на промет на услугите.
Со членот 19 од Предлогот на Законот со цел да се постигне правна сигурност на одредбата од член 19, кој се однесува на посебна даночна основа кај увезените патнички моторни возила на територијата на Република Северна Македонија, се уредува истиот да се однесува на половни патнични автомобили кои се увезени од денот на влегување во сила на овој закон.
Со членот 20 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена
вредност се пропишува дека подзаконските акти утврдени со овој закон ќе се донесат во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон.
Со членот 21 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност се уредува влегувањето во сила на овој закон.
Целосниот текст на предлог законот е достапен тука