„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
10.12.2024
Предлагач е Владата на РСМ
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Национална рамка на квалификации претставува инструмент за воспоставување на систем на квалификации стекнати во одредена земја, со кој се дава основа за стекнување на квалификации, проодност и квалитетот на квалификациите. Нејзиното постоење сама за себе, без да биде поврзана со Европската рамка на квалификации, а со тоа и со други меѓународни регионални рамки, не може да ги даде целосните придобивки за граѓаните и општеството заради што е потребно да ги исполнува пропишаните стандарди чие спроведување на национално ниво се уредува со овој Закон. Квалификациите се искажуваат преку резултати од учење кои се опишуваат преку знаење и разбирање, вештини и компетенции односно оспособеност. Во нивното осмислување освен надлежните органи учествуваат и сите засегнати страни со што квалификациите се во служба на поединецот и општеството во целина. Постигнувањето на резултатите од учењето се потврдува преку системот за обезбедување на квалитет во кои исто така учествуваат сите засегнати страни. Националната рамка на квалификации овозможува побрз одговор за прилагодување на квалификациите кон потребите на поединецот, работодавачите и општество во целина. Со оглед на тоа што, освен за основната намена за прегледност и споредливост на квалификациите, Националните рамки за квалификации се повеќе се користат и за признавање на квалификациите, вреднување на претходното неформално или искуствено учење, користењето на меѓународните квалификации, потврдите од курсеви и слично, неопходно е Националната рамка на квалификации да поседува издашност и подготвеност да одговори на постојните и идните барање и да биде усогласена со Европската рамка на квалификации како метарамка. Па така, темелејќи се на тие начела со овој Закон се уредува стекнувањето на квалификациите, нивниот вид и обем, постапката за одобрување на квалификациите и улогата на надлежните органи и тела, обезбедувањето на квалитетот на квалификациите и регистарот на квалификациите.