„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
10.12.2024
Предлагач Владата на РСМ
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за основање на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија е негово усогласување со член 11 став (1) алинеја 8 и член 20 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19, 4 110/19 и 121/24). Со последните измени на овој закон Министерството за економија се дефинира како Министерство за економија и труд, па согласно на ова се врши усогласување на законите од соодветната надлежност. Исто така, предложените измени и дополнувања на Законот за основање на Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија е и заради усогласување со амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и ХХХVI на Уставот на Република Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија, што претставува законска обврска. Со предложените измени и дополнувања се соодветно направени измени и дополнувања и тоа: - во деловите каде се наведува името на државата како дел од називот на институцијата и во сите делови на законот каде што името на државата е утврдено како дел од неговиот нормативен текст; - во деловите кои се однесуваат на имиња на други институции содржани во текстот на законот чии промени во називите се утврдени од Владата.