„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА РАТИФИКАЦИЈА НА КОНВЕНЦИЈАТА ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА НАСИЛСТВОТО И ВОЗНЕМИРУВАЊЕТО НА ПОЛЕТО НА ТРУДОТ, 2019 (С 190)

12.12.2022

 Kонвенцијата за елиминирање на насилството и вознемирувањето на полето на трудот, 2019 (с 190) на Меѓународната организација на трудот се однесува на елиминирање на насилство и вознемирување и заштита на работниците и други лица вклучувајќи ги вработените согласно со националното право и практики, како и други лица ангажирани на работа без оглед на договорниот статус како лица на обука, практиканти и чираци,  лица на кои им завршил работниот однос, волонтери, лица кои бараат работа и апликанти за работа, како и индивидуални лица кои имаат авторитет, должности и одговорности како работодавач.

Оваа конвенција се однесува на сите сектори, без оглед дали е приватен или јавен, во формалната и неформалната економија, како и без оглед дали во рурална или урбана средина. 
Терминот насилство и вознемирување опфаќа разни форми на неприфатливо однесување и практики, или закани кои еднаш или повторливо имаат за цел, резултираат или би можеле да резултираат со физичка, психолошка, сексуална или економска повреда, вклучувајќи и родово засновано насилство или вознемирување.  
Целосниот текст на Конвенцијата е достапен тука.