„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
14.11.2024
Предлагач е Владата на РСМ.
II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА Цел на Предлогот на закон е усогласување со Законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.121/24). Со Предлогот на закон се врши усогласување со Законот за изменување и дополнување на законот за основање на државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 194/24). Во Предлогот на закон се заменува називот на државата во Република Северна Македонија, согласно Амандманот XXXIII на Уставот на Република Северна Македонија. Закон за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување се засновува на истите начела на кои се засновува Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување.